
Синоќа, Бостон Бруинс ги поразија ЛА Кингс со 0-7 и на тој начин дојдоа до петтата победа во низа, притоа прекинувајќи ја серијата од пет триумфи на своите ривали.
За составот од Масачусетс, Џејк ДеБраск постигна непрекинат хет-трик, доволен за предност од 0-3 во првата минута од втората третина.
До доаѓањето на втората пауза, Патрис Бержерон и Тејлор Хол зголемија на 0-5, а во третиот период, двапати во листата на стрелците се запиша Ерик Хаула.
Хокеарите на Бостон имаа одлична реализација од 21,88% (7/32), а нивниот голман, Џереми Свејмен, беше несовладлив со 34/34 одбрани, доволни за третиот шут-аут во сезоната.
Во Источната конференција, Бостон го зазема седмото место, додека Кингс се петти на Западот.




