
Екипата на Филаделфија Флаерс синоќа го запиша шестиот пораз во низа, откако загуби со 1-4 од Ст. Луис Блус.
Двете екипи упатија по 26 шутеви кон противничкиот гол, но реализацијата на Блус од 15,38% беше далеку подобра, отколку успешноста на Флаерс (3,85%).
Во деветтата минута, Брејден Шен погоди за 0-1, а после осум минути во третата третина, Оскар Линдблом израмни на 1-1.
Сепак, нерешениот резултат траеше само 42 секунди, бидејќи Владимир Тарасенко донесе ново водство за гостите, а до крајот стрелаа уште Иван Барбашев и Брендон Саад на празна мрежа.
Во Западната конференција, Ст. Луис го зазема третото место, додека Филаделфија падна на тринаесеттата позиција на Истокот.




