
Последната трка во боб санкање од олимписката програма во Пекинг беше машкиот четирисед.
На оваа трка, по вторпат во низа на ЗОИ, со златен медал се закити Франческо Фридрих, кој дојде до четвртата олимписка титула во кариерата.
На последниот настан, Фридрих (3:54,30) со себе ги носеше своите партнери – Торстен Маргис, Канди Бауер и Александер Шикер.
Нивните сонародници, Јоханес Лохнер, Флоријан Бауер, Кристофер Вебер и Кристијан Расп (+0,37), ја оправдаа фаворитската улога на Германија и ја комплетираа 1-2 победата на својата нација.
Целосна ,,чистка” на Германците спречија Канаѓаните Џастин Крипс, Рајан Сомер, Кем Стоунс и Бен Оуквел (+0,79), кои освоија бронза.
Само шест стотинки позади нив заврши третиот германски четирисед, Кристоф Хафер, Михаел Салцер, Матијас Зомер и Тобијас Шнајдер (+0,85), а под една секунда доцнеа уште Летонците Оскарс Киберманис, Давис Спрингис, Матис Микнис и Едгарс Неме (+0,97).




