
На олимписката трка во женски двосед во боб санкање, со златен медал се закити Лаура Нолте.
Германката (4:03,96) дебитираше на олимпискиот пиедестал, а како кочничар, до себе ја имаше Дебора Леви.
Нолте имаше најдобро време во првите три серии, кога воедно постави и три рекорди на патеката.
Шампионката од Пјонгчанг 2018, Маријама Јаманка (4:04,73), денес освои сребрен медал, заедно со Александра Бургхардт.
На третото место заврши американскиот двосед, составен од Елана Мајерс Тејлор и од Силвија Хофман (4:05,48), кој воедно беше и последен со време под 4:06 минути.
Пласманот во првите пет го дополнија Ким Калицки/Лиза Буквиц (4:06,28) и Кристин де Бруин/Кристен Бујновски (4:06,37).




