
Карлингот, популарно наречен и ,,шах на мраз”, е спорт во кој Шведска бележи огромен подем.
Имено, оваа скандинавска земја е актуелен светски првак во машка конкуренција, а денес се закити и со првото олимписко злато во своето постоење.
Во големото финале, кое наликуваше на финалето од последното СП, Швеѓаните ја поразија Велика Британија со 5-4 после дополнителен енд.
Целосниот состав на Шведска имаше неверојатни 94% на успешни удари или по играчи: Кристофер Сундгрен (99%), Расмус Врана (95%), Оскар Ериксон (93%) и Никлас Един (87%).
Британците беа за нијанса понеефикасни со 90% успешност – Хами МекМилан (95%), Боби Леми (80%), Грант Харди (94%) и Брус Моуат (89%).
Во битката за бронза, Канада ги совлада САД со конечни 8-5 после девет одиграни периоди.




