
Денвер Нагетс ја запишаа третата победа во низа, откако синоќа ги надиграа Голден Стејт Вориорс со 116-117.
Вориорс имаа предност, дури и двоцифрена, во текот на цел натпревар, но гостите од Колорадо успеаја да триумфираат само со второто водство.
Имено, победата на Нагетс им ја донесе Монте Морис, кој погоди тројка со звукот на сирената.
Морис го заврши мечот со 13 поени, а МВП од неговите соиграчи беше Никола Јокиќ, кој запиша дабл-дабл (35 поени, 17 скокови и 8 асистенции).
На спротивната страна, најефикасни беа Стеф Кари и Клеј Томпсон со 25, односно со 16 кошеви.
Во Западната конференција, Денвер (33-25) се наоѓа на шестото место, а Вориорс (42-17) ја држат втората позиција.




