
Во машкиот настан во дисциплината ериалс во фристајл скијање, со првиот олимписки наслов во кариерата се стекна 31-годишниот Гуангпу Ки.
Кинезот и’ донесе славје на домашната селекција со убедливо најдобро издание во финалето, вредно 129,00 поени.
Второто место, неочекувано го зазеде Украинецот Олександр Абраменко (116,50), кој го освои првото одличје на ЗОИ 2022 за својата земја.
Водечкиот после првата финална серија, Русинот Илја Буров, се закити со бронза, откако освои 114,93 бодови.
Во финалето учествуваа уште тројца натпреварувачи, Пирмин Вернер (111,50), Џастин Шонефелд (106,50) и Кристофер Лилис (103,00), кои го комплетираа пласманот до шестата позиција.




