Еурофарм Пелистер загуби од Ним во Лигата на Европа на ЕХФ во Битола во октомври минатата година. Сега сака да се прикаже во што подобро светло во Франција на вториот натпревар кој се игра вечер од 18:45 часот.
Мартин Велковски смета дека формата на Еурофарм Пелистер е во нагорна линија за разлика од дуелот во Битола:
Мислам дека нè чека тежок натпревар, бидејќи Ним е квалитетна екипа и тоа го покажа низ Европската лига. Мислам дека ќе биде поразличен натпревар од оној во Битола. Тогаш ние влегувавме во форма, а тие беа во врвот на нивната игра. Сега мислам дека играат малку послабо. Детално ги анализираме, еве вчера играа натпревар од француската лига. Мислам дека постои шанса, бидејќи играме добри и се подобри и подобри и се надевам дека ќе ја продолжиме нашата серија. Мислам дека заслужено ја направивме залихата во групатѕа, бидејќи навистина добро игравме. Ни следат и домашни натпревари во Европската лига, целиме на победи и на тие натпревари и се надеваме на подобар пласман на минатогодишниот во групната фаза. Дуелите со Партизан и Бутел беа добра подготовка. Видовме како е да се игра под притисок. Непосакуван беше натпреварот во Бутел, но густ е распоредот и одеднаж ни дојдоа многу натпревари. Можеби тоа нè разбуди и мораме да бидеме подобри и не смее да дојде до опуштање.



