
Марко Одермат, на ЗОИ 2022, стана петтиот Швајцарец со олимписко злато во велеслалом, откако беше најбрз на денешната трка.
Одермат (2:09,35) ја потврди својата доминација во втората најтехничка дисциплина, одбранувајќи ја предноста од првата серија.
Сензација направи Словенецот Жан Крањец (+0,19), кој до првото олимписко сребро во кариерата дојде иако беше осми после првата серија.
Третопласираниот од првиот дел, Матје Февр (+1,34), успеа да ја задржи истата позиција и да се врати во Франција со бронзен медал.
На четвртото место се пласираше Американецот Ривер Радамус (+1,60), а петтото место го поделија двајца Французи – Алексис Пантуро (+1,69) и Тибо Фавро (+1,69).




