
За првпат во историјата на Зимските олимписки игри се одржа мешано тимско натпреварување во сноуборд крос.
На него, на победа се радуваше составот на САД, кој се состоеше од Ник Баумгартнер и од Линдзи Џакобелис.
Со сребро се закити првиот тим на Италија (+0,20), односно Микаела Мојоли и Омар Визинтин, кои беа последни што стигнаа безбедно до целта.
Иако имаа пад, Канаѓаните (+23,20) Елиот Грондан и Мерјета О’дин успеаја да се ,,фатат” за бронзата, оставајќи го вториот италијански тим (Лоренцо Сомарива и Катерина Карпано) без медал.
Во малото финале, Германија триумфираше пред Велика Британија, пред Швајцарија и пред Русија.




