
После четирите триумфи, Милвоки Бакс загубија во дербито на денот од Феникс Санс со резултат од 131-107.
Актуелните шампиони, во репризата на минатогодишното финале, беа конкурентни во првото, но потполно надиграни во второто полувреме.
Кај Бакс, Јанис Антетокумбо уфрли 18 поени, а по 21 кош постигнаа Крис Мидлтон и Џру Холидеј.
Од победничките редови, Крис Пол (17 поени и 19 асистенции) запиша дабл-дабл, а Деандре Ејтон додаде уште 27 кошеви.
Во Западната конференција, Феникс (45-10) го држи самиот врв, додека Бакс (35-22) се четврти на Истокот.




