Во Бундеслигата екипата на Кил славеше убедлива победа на гости кај Штутгарт од 29-42 (полувреме 11-22). Патрик Винчек со 9 голови беше најефикасен кај победникот, додека кај Штутгарт со 5 гола се истакна Милер, додека одличен настап имаше и нашиот репрезентативец Жарко Пешевски кој постигна 4 голови.
Вецлар на Филип Миркуловски дома ремизираше со фаворитот Флензбург 29-29. Иако беше на клупата за резерви, Миркуловски не доби шанса да заигра на овој меч.




