
Во финалето на дисциплината халфпајп, во рамките на олимписката програма во женски сноубординг, со второто злато од ЗОИ се закити Клои Ким.
Американката имаше одлично издание од 94,00 поени во првата серија, кое беше доволно за одбрана на титулата од Пјонгчанг 2018.
Шпанката Кералт Кастељет го освои среброто со изведбата од 90,25 поени, а бронзата заврши на вратот на Сена Томита (88,25).
Најдобра домашна претставничка беше Каи Чуетонг (81,25) на четвртото место, а пласманот во првите пет го комплетираше сестрата на ,,бронзената” натпреварувачка – Руки Томита (80,50).




