
Во тринаесеттото коло од Првата македонска футсал лига, во салата ,,26 Април” во Гевгелија, беше одиграно дербито помеѓу КМФ Проект и Шкупи.
Со оглед дека во првиот меѓусебен дуел Шкупи славеше со 1-0, на составот од Јосифово денес му беше потребна победа од два гола разлика за преземање на врвот на табелата.
Во тензичен и неизвесен натпревар, домаќините успеаја да дојдат до триумф од 3-1 и да направат голем чекор кон одбрана на титулата.
Проект стекна почетно водство, а до крајот на првото полувреме, Шкупи израмни на 1-1.
Во вториот дел, домаќините поведоа со гол од пенал, а потполен делириум во салата предизвика третото затресување на мрежата на шест секунди пред крајот.




