
Вторите медали од ЗОИ 2022 им беа доделени на дамите, кои се тркаа на 3000 метри во брзо лизгање.
Од нив, со злато се закити Холанѓанката Ирене Шутен, која освен вториот олимписки медал, постави и нов олимписки рекорд во оваа дисциплина од 3:56,93 минути.
На второто место заврши Италијанката Франческа Лолобриџида (3:58,06), а со бронза се закити и последната натпреварувачка што лизгаше под четири минути – Изабел Вајдеман (3:58,64).
Во продолжение следуваа останатите седумнаесет лизгачки, од кои, во првите пет, се пласираа уште светската рекордерка Мартина Сабликова (4:00,34) и Рагне Виклунд (4:01,44).




