
Со синоќешната победа од 125-114 над Атланта Хокс, Торонто Рапторс дојдоа до петтиот триумф во низа.
Почетокот на мечот беше изедначен, но Рапторс се одвоија на двоцифрена предност со серијата од 26-12 до крајот на првата четвртина.
Паскал Сијакам (Торонто), со 33 кошеви, беше најефикасен на теренот, заедно со неговиот соиграч Фред ВанВлит, кој имаше дабл-дабл од 26 поени и од 11 асистенции.
На спротивната страна, Џон Колинс и Де’Андре Хантер уфрлија по 23 кошеви, додека Тре Јанг (22 поени и 13 асистенции) запиша дабл-дабл.
Во Источната конференција, Торонто (28-23) го држи седмото, а Атланта (25-27) – десеттото место.




