
Серијата од три мечеви на домашен терен заврши со три порази на Чикаго Блекхокс.
Синоќа, претставниците на Илиноисвлегоа во седумдневната пауза на губитнички начин, откако беа надиграни со 0-5 од Минесота Вајлд.
За да дојде до победа, Минесота имаше пет различни стрелци: Фредерик Гудро, Матс Зукарело и Кирил Капризов во втората, односно Кевин Фијала и Нико Штурм во третата третина.
Голманот на гостите, Камерон Талбот, го заслужи првиот шут-аут во сезоната, откако ги одбрани сите триесет противнички шутеви.
Во Западната конференција, Минесота го држи третото место, додека Чикаго ја зазема четиринаесеттата позиција.




