
Сенегал е последниот полуфиналист на триесет и третото издание на Африканскиот куп на нации.
Селекцијата од западна Африка избори пласман помеѓу најдобрите четири екипи на својот континент, совладувајќи ја Екваторијална Гвинеја со 3-1.
На полувремето, победничкиот состав водеше благодарение на Фамара Џеџу (28′), а во почетната фаза на вториот дел, Џаник Бујла (57′) израмни на 1-1.
Сепак, до крајот, Сенегал го манифестираше својот квалитет и дојде до конечен триумф со головите на Шеику Кујате (68′) и на Исмаила Сар (79′).
Во полуфиналето, Сенегалците ќе ги одмерат силите со Буркина Фасо, кој го доби Тунис со 1-0.




