
Откако запиша само една победа на тринаесет средби, Рафаел Бенитез доби отказ од тренерската позиција на Евертон.
Како негов привремен наследник беше назначен асистентот Данкан Фергусон, кој го предводеше тимот во поразот од 0-1 од Астон Вила.
Од денес, официјално, нов стратег на клубот од Ливерпул ќе биде легендарниот Англичанец – Френк Лампард.
Лампард потпиша договор со ,,Карамелите” на две и пол години, а освен Фергусон, како свој помошник ќе го има и поранешниот асистент на Карло Анчелоти – Пол Клемент.
Лампард ја започна тренерската кариера со успешната авантура во Дерби Каунти, а потоа се пресели во клубот во кој помина најголем дел од играчката кариера – Челзи.




