
Популарното ,,А627 Дерби”, односно локалното ривалство од Ленкашир помеѓу Олдам Атлетик и Рочдејл беше составен дел на 29. коло од англиската Лиг 2.
Имено, вториот овосезонски дуел помеѓу двете екипи заврши со најнеславниот резултат од 0-0.
Рочдејл гостуваше на ,,Баундери Парк” за првпат после 2017 и иако важеше за фаворит, не успеа да дојде до трите поени.
За Олдам, агонијата во нападот продолжува на пет средби без постигнат погодок од кои три завршија со реми од 0-0.
На табелата, поранешните премиерлигаши го држат претпоследното место и поради проблемите со раководството се сè поблиску до релегација во петтата лига.
Од друга страна, Рочдејл има речиси сигурен опстанок и ја зазема осумнаесеттата позиција.




