
Во првиот меч од седумнаесеттото коло на турската одбојкарска Ефелер лига, Галатасарај го совлада Соргун со 3-0.
По сетови, резултатот гласеше 25-23, 25-20 и 25-21, за рутински триумф на клубот од Истанбул после еден и пол час игра.
Од победничките редови, најефикасни беа Лукас Дивис (10 поени), Мурат Јенипазар (11 поени) и Армандо Морис Торес (15 поени).
На спротивната страна, од избраниците на Бахадир Аксој, по единаесет пати во листата на поентерите се запишаа Полуиан Тимофи, Мелих Оздемир и Роман Данилов.
Со првите бодови по четирите врзани лигашки порази, Галатасарај дојде до петтото место, додека Соргун испушти шанса за влез во плејоф-зоната и остана на деветтата позиција.




