
Поради силниот ветар во Вилинген (Германија), денешното натпреварување од Светскиот куп во ски скокови во женска конкуренција се состоеше само од една серија.
Со скок од 123,5 метри, до шестата овосезонска победа дојде Марита Крамер, која го зголеми своето водство во генералниот поредок.
Втората позиција ја зазеде второпласираната во вкупниот пласман, Катарина Алтхаус, додека третопласирана беше Словенката Ема Клинец.
Клинец го имаше најдолгиот скок на денот од 127 метри, но поради негативниот коефициент на ветрот, мораше да се задоволи со бронза.
Од залетувалиштето се спуштија вкупно 28 натпреварувачки, а во топ 10 се најдоа уште: Јуки Ито, Ника Крижнар, Жозефин Пање, Урша Богатај, Силје Опсет, Жакелин Зајфрајдсбергер и Фрида Вестман.




