
На последниот спуст од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција пред ЗОИ 2022, одржан во Гармиш-Партенкирхен (Германија), двојна победа запиша Швајцарија.
Имено, по четврт пат во кариерата, на највисокото место на пиедесталот се искачи Корин Сутер (1:40,74), која во потполност ја натскија присутната конкуренција.
Втората позиција ја зазеде нејзината сонародничка, Јасмин Флури (+0,51), со најдобриот личен резултат во најбрзата дисциплина, односно со вториот подиум во кариерата.
Честа на Австрија, на третото место, ја одбрани Корнелија Хитер (+0,78), која се закити со медал за првпат после 1 декември 2018.
На наредните две места завршија најдобрата Германка и најдобрата Италијанка, односно Кира Вајдле (+0,82) и Надја Делаго (+0,85).
Во продолжение, во првите десет се пласираа: Елизабет Рајзингер (+0,92), Аријане Редлер (+0,94), Јоана Хелен (+1,02), Мари-Мишел Гањон (+1,05) и Кристине Шајер (+1,14).




