
Со синоќешната ,,петарда” од 0-5, Вашингтон Капиталс ја прекинаа низата од четири триумфи на Далас Старс.
Старс го започнаа мечот на одличен начин, но сепак голот на Џоу Павелски во 42. секунда беше поништен поради минимален офсајд.
Во продолжение, домаќините го загубија ритамот и веќе на првата пауза губеа со 0-3, а дефицитот се зголеми на пет голови во втората третина.
Стрелци за Вашингтон беа пет различни хокеари: Том Вилсон, Џон Карлсон, Тревор Ван Римсдајк, Конор МекМајкл и Никлас Бекстром.
Голманот на гостите, Витек Ванечек, го запиша вториот шут-аут во сезоната со одбранетите 29/29 противнички удари.
Во Источната конференција, Вашингтон го зазема шестото место, додека Далас е деветти на Западот.




