
Орландо Меџик им го нанесоа четвртиот пораз во низа на Детроит Пистонс, совладувајќи ги со 119-103.
Домаќините го решија мечот во своја корист уште во првата четвртина со серијата од 31-13.
До крајот, претставниците на Флорида играа изедначена игра со своите ривали за изборување на рутински триумф.
Од победничките редови, дабл-дабл постигна Мо Бамба (18 поени и 11 скокови), а поефикасни од него беа Теренс Рос (21 поен) и Франц Вагнер (24 поени).
На спротивната страна, најрасположени во нападот беа Треј Лајлс и Садик Беј со 18, односно со 17 поени.
За Меџик (10-40), денешната победа беше само десетта во сезоната, но недоволна за да се напушти дното на Источната конференција.
Што се однесува до Пистонс (11-37), тие се за нијанса подобри од денешниот ривал, односно го заземаат претпоследното место.




