
Рафаел Надал е првиот полуфиналист на Австралијан Опен после остварената победа во четвртфиналето над Денис Шаповалов.
Имено, Шпанецот го доби својот ривал од Канада со тешко изборени 3-2 (6-3, 6-4, 4-6, 3-6, 6-3) после четири часа и десет минути игра.
Во секој од петте сетови во ,,Род Лејвер Арена” одлучен момент беше направениот брејк од страна на тенисерот, кој прв стигна до шест освоени гемови.
Во пресрет на петтата партија, налетот на Шаповалов беше прекинат со медицинската пауза на Рафаел Надал поради стомачни проблеми.
Клучен за победата на шпанскиот претставник беше одличниот сервис, како и билансот од 51-28 неизнудени грешки на страната на Шаповалов.
За два дена, Надал ќе ги одмери силите со победникот од дуелот помеѓу Матео Беретини и Гаел Монфис за пласман во големото финале.




