
Првата полуфиналистка на Австралијан Опен е педесет и првата тенисерка на ВТА ранг-листата, односно Медисон Кис.
Американката, во четвртфиналето, ја порази четвртата светка тенисерка, Барбора Крејчикова, со вкупни 2-0 за помалку од еден и пол час игра.
Кис изгуби еден гем на свој сервис, но направи вкупно четири брејкови за да стигне до конечен триумф.
Кис беше одлична после играта на прв сервис со 72% на освоени поени и со дури единаесет асови.
Крејчикова имаше проблем со неизнудените грешки (28-21), а Кис доминираше и во сегментот на винери (27-12).
Во полуфиналето, американската претставничка ќе ја чека подобрата од дуелот помеѓу Ешли Барти и Џесика Пегула.




