
Откако синоќа загубија со 110-111 од Чикаго Булс, Оклахома Сити Тандер дојдоа до единаесеттиот пораз на последните дванаесет пресметки.
Чикаго дојде до предност на средината на првата четвртина и до воведните минута од третиот квартал водеше со максимални +27.
Во продолжение, Оклахома само го намалуваше својот дефицит, но дојде само до конечниот заостаток од еден разлика.
Најзаслужен за победата на Чикаго беше Никола Вучевиќ со дабл-дабл од 26 поени и од 15 скокови, а уште 24, односно 23 кошеви додадоа Ајо Досунму и Зек ЛаВин.
Од редовите на Тандер, две двоцифрени статистики имаше Шеј Гилџус-Александер (31 кош и 10 асистенции), а втор стрелец беше Лугентц Дорт со 16 поени.
Во Источната конференција, Чикаго (29-17) се израмни со второпласираните Бруклин Нетс, додека Оклахома (14-33) го дели последното место на Западот со Хјустон Рокетс.




