
Ализе Корне, на патот до осминафиналето на Австралијан Опен, со исклучок на квалификантката Викторија Томова, ги порази Габриње Мугуруза и Тамара Зиданшек, кои беа апсолутни фаворитки на хартија.
Денес, Французинката приреди уште една сензација, откако ја елиминира Симона Халеп со 2-1 (6-4, 3-6, 6-4) после два и пол часа игра.
Во првите два сета, двете ривалки направија вкупно единаесет брејкови, шест за Халеп и пет за Корне, за израмнување на вкупни 1-1.
Сепак, во третата партија, Корне освои само еден гем на противнички сервис, кој беше доволен за пласман во наредната фаза.
Од статистички аспект, Халеп имаше подобри цифри, но тоа не беше доволно за конечен триумф (1-9 во двојни грешки, 27-22 во винери и 41-46 во неизнудени грешки).
Во четвртфиналето, Корне ќе се соочи со Даниел Роус Колинс, која со 2-1 ја порази Елиза Мертенс.




