
Канзас Сити Чифс се последните полуфиналисти во тековната НФЛ сезона, откако синоќа славеа со 42-36 над Бафало Билс после продолжение.
Овој меч ја имаше убедливо најлудата завршница во последните години поради фактот дека на две минути пред крајот, Бафало уфрли петнаесет, а Чифс – десет поени за продолжение.
Играчите на Билс постигнаа два тачдауни со по една конверзија за еден и за два поени, додека домаќините имаа едно положување со екстра-поен и филд-гол во последната секунда.
Во продолжението, Чифс ја израдуваа домашната публика со тачдаунот на Тревис Келси , кој донесе конференциско финале.
Освен Келси, тачдауни за Канзас Сити постигнаа квотербекот Патрик Махоумс со трчање, Мекол Хардмен, Тајрик Хил (150 јарди) и Бајрон Прингл.
Махоумс, освен тачдаун со трчање имаше и три додавања вредни за шест поени, со освоени 378 јарди од 33/44 комплетирања и истрчани дополнителни 69 јарди.
На спротивната страна, Џош Ален истрча 68, а уфрли 329 јарди од 27/37 прецизни додавања и четири тачдауни.
Топката во противничката енд-зона најпрво ја внесе Девин Синглтери, а потоа, четири пати во листата на поентерите се запиша незапирливиот Габриел Дејвис, кој притоа освои 201 јард.
Во полуфиналето, Чифс ќе ги дочекаат Синсинати Бенгалс на ,,Ероухед Стадиум” на 30 јануари со почеток од 21.00 часот по македонско време.
Во соработка со НФЛ Македонија




