
Со шеснаесеттата победа на последните осумнаесет пресметки, Питсбург Пенгуинс избија на четвртата позиција во Источната конференција.
Последна ,,жртва” на составот од Пенсилванија беа Винипег Џетс, кои загубија со 3-2 после пенали и останаа на единаесеттото место на Западот.
Џетс, после првите две третини, стекнаа водство од 0-2 преку Блејк Вилер и преку Кајл Конор, кои реализираа два од дотогашните шеснаесет шутеви.
Сепак, во последниот период, Каспери Капанен и Џеф Картер стрелаа по еднаш во интервал од девет секунди и го израмнија резултатот.
Во пенал-серијата, единствен голгетер беше Сиднеј Кросби, кој ги остави двата бода во ,,ПГГ Пејнтс Арена”.




