
Џесика Пегула, кој е 21. на светската ВТА ранг-листа, се пласираше во четвртфиналето на Австралијан Опен втора година по ред.
Во четвртата рунда, Американката ја совлада фаворизираната Гркинка, Марија Сакари, со вкупни 2-0 (7-6, 6-3).
Во првиот сет, двете тенисерки направија по два брејкови пред Пегула да слави во тај-брејкот со убедливи 7-0.
Во втората партија, Американката освои еден гем на противнички сервис, кој ја однесе до конечната победа.
Во четвртфиналето, Пегула ќе се соочи со подобрата од дуелот помеѓу Ешли Барти и Аманда Анисимова.




