
Донкастер Роверс освоија важни три поени во битката за опстанок во Лиг 1, откако го запишаа само вториот триумф на последните дванаесет средби.
Имено, во 29. коло од третата англиска лига, Донкастер дојде до првата гостинска победа во сезоната, совладувајќи ги МК Донс со минимални 0-1.
МК Донс, иако се борат за промоција во Чемпионшип, станаа првата екипа во тековната сезона, која загубила двапати во низа од Донкастер.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше засилувањето од Виган, Џоу Доду (41′), кој се запиша во листата на стрелците по третпат сезонава.
И покрај поразот, МК Донс останаа во плејоф-зоната на петтото место, додека Донкастер ја презеде претпоследната позиција од Џилингем и го напушти дното на табелата.




