
Дербито на Источен Мидлендс помеѓу Нотингем Форест и Дерби Каунти го отвори новото 28. коло од англискиот Чемпионшип.
Имено, на нивниот 109. меѓусебен дуел во историјата, Нотингем ја запиша 43. победа, откако денес славеше со 2-1.
,,Црвените” беа фаворити во пресрет на дуелот, но резултатот гласеше 0-0 после првото полувреме.
Сепак, во вториот дел, Луис Грабан (48′) и Бренан Џонсон (82′) ја затресоа мрежата на Рајан Алсоп за водство од 2-0.
До крајот, Дерби успеа да го преполови својот заостаток преку капитенот Том Лоренс (87′), кој беше прецизен од белата точка.
До крајот, тензијата на теренот кулминираше со добиениот црвен картон на Равел Морисон (Дерби) за стартот над Филип Цинкернагел (Нотингем) во шестата минута од судиското продолжение.
И покрај сите проблеми, Дерби остана на претпоследната позиција на табелата, додека Нотингем скокна на осмото место.




