
Екипата на Реџина се наоѓа во тешка резултатска криза, откако освои само еден бод на последните осум пресметки.
Во дваесеттото коло од италијанската Серија Б, избраниците на Доменико Тоскано беа надиграни од Монца со 1-0.
Со новите три бода, Монца влезе во плејоф-зоната, односно скокна на петтото место со само четири поени заостаток во однос на лидерот Пиза.
Од друга страна, Реџина е четиринаесетти тим во второлигашкото друштво со три бода повеќе од позициите што водат во плејаут.
На меѓусебната пресметка, стрелец на единствениот погодок беше најдобриот стрелец на Монца, Дани Мота (52′), кој го постигна седмиот овосезонски гол.




