
Денешните квалификации во Титизее-Нојштадт, во рамките на Светскиот куп во ски скокови, завршија во рацете на Цене Превц.
Словенецот имаше скок од 135,5 метри и освои 130,3 поени што беше доволно за прво негово славје во кариерата.
Актуелниот првопласиран во генералниот поредок, Рјоју Кобајаши, заврши на втората позиција, а Карл Гајгер беше третопласиран со најдолг скок на денот од 136 метри.
Халвор Егнер Гранеруд хо освои чет ртото место, пред Ловро Кос, пред Грегор Дешванден и пред Петер Превц.
Во првите десетмина завршија уште тројца Германци, односно Маркус Ајзенбихлер, Зеверин Фројнд и Константин Шмид.




