
Црногорката Данка Ковиниќ се пласираше во третата рунда од Австралијан Опен, откако денес беше подобра од Ема Радукану.
Радукану е освојувачка на УС Опен од минатата година, но сепак, втората фаза и’ е најдобар резултат на грен-слемот во Австралија.
Ковиниќ важеше за аутсајдер на хартија, но успеа да дојде до триумф од конечни 2-1 после повеќе два и пол часа игра.
По сетови, резултатот гласеше 6-4, 4-6 и 6-3, после огромни пресврти и после вкупно тринаесет брејкови (7-6 во корист на Ковиниќ).
При резултат од 3-0 во првиот сет во корист на Радукану, Британката повика медицински тајм-аут поради проблеми со дланката, но се врати на теренот без посериозни последици.
Во третото коло, црногорската претставничка ќе ги одмери силите со Симона Халеп, која ја порази Бразилката Беатриз Хадад Маја со 2-0.




