
Дебитантите на Африканскиот куп на нации, Комори, приредија огромна сензација во третото коло од групата Ц.
Имено, островската држава, како огромен аутсајдер, успеа да слави над селекцијата на Гана со 3-2 и да се опрости од првенството на триумфален начин.
Во првото полувреме, Комори дојдоа до почетно водство од 1-0, откако прецизно стрелаше фудбалерот на Црвена Ѕвезда – Ел Фарду Бен (4′).
Веќе во 25. минута, Гана остана со играч помалку поради црвениот картон на Андре Ају, а после еден час игра, аутсајдерот поведе со 2-0 преку Ахмед Моњи (62′).
Само петнаесет минути подоцна, Гана успеа да дојде до израмнување со головите на поранешниот соиграч на гореспоменатиот Бен, Ричмонд Боаче (64′) и на Алесандер Џику (77′).
Сепак, на пет минути пред крајот, Моњи (85′) се запиша во листата на стрелците по вторпат на натпреварот за историски триумф на Комори.
Во другиот меч од истата група, Мароко и Габон ремизираа со 2-2 за задржување на првите две позиции, односно за пласман во втората фаза.
Од друга страна, Комори скокна на третото место, воедно испраќајќи ги фудбалерите на Гана назад во својата татковина.




