
Натпреварувачкиот викенд во Рухполдинг, Германија, од Светскиот куп во биатлон, заврши со денешните потери, базирани на последните спринтови.
Во женска конкуренција, јубилејната петнаесетта победа ја оствари Марте Олсбу Роиселанд (30:55,0), која беше стопроцентна во стрелачкиот дел.
Подиумот го комплетираа двете сестри, Елвира Оберг (+20,8) и Хана Оберг (+32,4), а во топ пет завршија уште Ане Бекон (+47,9) и Лин Персон (+50,7).
Во машка конкуренција, исто така триумфираше лидерот во генералниот поредок, Квентин Фијо Маје (31:30,6), кој стартуваше како прв.
На второто место заврши Александер Логинов (+8,8), а третиот подиум во сезоната го доби Антон Смолски (+13,1).
Французинот Симон Дестио (+22,4) го освои четвртото место, а Литванецот Вјатаутас Стролија (+30,4), иако беше втор после четвртото стрелање, не успеа да го издржи притисокот на поискусните ривали и заврши како петтопласиран.




