
Четвртиот слалом од Светскиот куп во алпско скијање во тековната сезона ги освои симпатиите на сите љубители на зимските спортови.
Имено, со стартен број 31, до втората победа во кариерата и прва во слалом стигна Норвежанецот Лукас Бротен (1:41,48).
Бротен беше дури дваесет и деветти после првата серија, но со најдоброто второ издание испиша историја во Венген.
Домашниот натпреварувач, Даниел Јул (+0,22), го освои второто место и стана прв Швајцарец со подиум на слалом во Венген после три децении.
Огромно достигнување забележа и олимпискиот шампион од 2010, 37-годишниот Џулијано Рацоли (+0,29), кој се искачи на пиедесталот за првпат после 17 февруари 2016.
Двајцата Австријци, Фабио Гштрајн (+0,32) и Мануел Фелер (+0,39) заврши помеѓу првите петмина, а шестопласиран беше лидерот во поредокот за најтехничката дисциплина – Себастијан Фос-Солевааг (+0,40).
Најголем трагичар беше Хенрик Кристоферсен, кој беше прв после првата серија и имаше предност поголема од една секунда во однос на Бротен, но остана без пласман, откако згреши на само три капии пред целта.




