
Претпоследната трка од Светскиот куп во санкање во женска конкуренција, одржана во Оберхоф, Германија, заврши во рацете на Маделеине Егле.
Австријката (1:24,074) ја запиша петтата победа во сезоната, оставајќи ја домашната санкачка, Јулија Таубитц (+0,020), на втората позиција.
Сепак, во генералниот пласман, Таубитц го држи првото место со 57 поени предност во однос на Егле и за да ја освои титулата, доволно ќе и’ биде само седмото место наредниот викенд во Ст. Моритц.
Третата позиција на денешната трка ја освои Ана Берајтер (+0,265), а за само единаесет илјадинки, без подиум остана Натали Гајзенбергер (+0,276).
Плејадата на Германките ја дополни одличната Шејен Розентал (+0,446), а под половина секунда доцнеа уште Хана Прок (+0,460) и Андреа Фетер (+0,489).




