
Њу Ингланд Патриотс го завршија своето патешествие во тековната НФЛ сезона, откако во првата рунда од плејофот загубија со 47-17 од Бафало Билс.
Бафало беше фаворит на хартија во што придонесе и домашниот терен, односно студеното време од -15 степени.
Веќе после првото полувреме, Билс решија сè во своја корист со водството од 27-3, кое порасна до 33-3 на стартот на третата четвртина.
Квотербекот на Бафало, Џош Ален, одигра перфектна партија со 308 освоени јарди од 21/25 комплетирања и со пет уфрлени тачдауни.
Од неговите соиграчи, во листата на стрелците се запишаа Девин Синглтери (х2), Досон Нокс (х2), Габриел Дејвис, Емануел Сандерс, Томи Дојл и шутерот Тајлер Бас.
На спротивната страна поентираа само шутерот Ник Фолк и фаќачот Кендрик Бурн, а квотербекот Мек Џонс, кој стана прв во историјата на Патриотс што изборил плејоф во дебитантската сезона, уфрли два тачдауни, две пресечени додавања и 232 јарди од 24/38 обиди.
Во соработка со НФЛ Македонија




