
Од деветте одиграни мечеви во 2022, Бостон Бруинс добија вкупно осум, помеѓу кои и синоќешниот против Нешвил Предаторс.
Имено, составот од Масачусетс имаше три водства на натпреварот и накрај успеа да дојде до триумф од 4-3 после продолжение.
На почетокот, Бруинс стекнаа предност од 2-0 преку Крег Смит и преку Мајк Рајли, но заклучно со вториот период, гостите израмнија благодарение на Колтон Сисонс и на Лук Канин.
Во третиот период, Бред Маршан (Бостон) и Роман Јоси (Нешвил) се запишаа во листата на стрелците и изборија продолжение.
Од дополнителниот период, на Тејлор Хол му беа доволни само сто секунди за да им го нанесе на Предаторс вториот пораз во низа, после серијата од пет победи.
И покрај поразот, Нешвил е лидер на Западот, додека Бостон го зазема осмото место во Источната конференција.




