
После седумнаесет години од основањето, Премиер лигата во пикадо го објави својот нов формат во пресрет на нејзиното осумнаесетто издание.
Досега, Премиер лигата се играше во три дела: почетна група (9 натпреварувачи), втора фаза (најдобрите 8 од почетната група) и плејоф (најдобрите 4 од втората фаза).
Сепак, од претстојната сезона, секое од вкупните 17 кола ќе се состои од свој мини-турнир, во кој, осум конкуренти ќе одиграат четвртфинале, полуфинале и финале.
Победникот на секое коло ќе добие 5 поени и награда од 10 000 фунти, поразениот финалист ќе земе 3 поени, а полуфиналистите ќе се стекнат со по 2 поени.
После одиграните 17 кола, четирите играчи со најмногу поени ќе се соочат во плејофот, каде што, освен за титула, ќе се борат и за џек-пот од милион фунти.
Според очекувањата, Премиер лигата ќе започне на 3 февруари во Кардиф, а ќе заврши на 26 мај во Њукасл.




