
Целата сага со играњето на Австралијан Опен на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, сè уште не е завршена.
Иако официјално Србинот ја доби посакуваната виза и влезе во ждрепката за првиот грен-слем во сезоната, австралискиот министер за имиграција, Алекс Хок, ја промени одлуката.
Визата на Ѓоковиќ повторно ќе биде укината, а изјавата на Хок гласеше:
,,Го искористив своето право да ја поништам визата на господинот Ѓоковиќ бидејќи тоа е во јавен интерес. Одлуката е донесена врз основа на одлучувањето на Федералниот суд на 10 јануари 2022 да се поништи визата. Носејќи ја оваа одлука, внимателно ги разгледав сите информации, кои ми беа доставени од МВР, од граничната полиција и од господин Ѓоковиќ. Владата на Скот Морисон е во потполност посветена за заштита на границите на Австралија, особено во време на пандемијата од Коронавирус.”
Според политичкиот репортер на сојузната држава Викторија, Пол Сакал, адвокатите на Ѓоковиќ, во 18.03 часот по локално време, поднеле документи за жалба.




