
Тргнат по стапките на својот постар брат Ромелу, Џордан Лукаку почнал да се занимава со фудбал уште од најрана возраст.
Сепак, 27-годишниот белгиски интернационалец не го достигна потенцијалот, кој му беше предвиден на почетокот на кариерата.
Имено, Џордан Лукаку ја започна сениорската авантура во Андерлехт (2011-2013), а потоа ја продолжи во Оостенде (2013-2016).
Првиот ангажман надвор од Белгија, помладиот Лукаку го имаше во Лацио, каде што сè уште е член, иако вчера ја потпиша втората позајмица.
Од денес, па сè до крајот на сезоната, Белгиецот ќе ги брани боите на Виченца, која ќе се обиде да избегне релегација од Серија Б и да остане второлигашкото друштво, иако го зазема последното место.
Минатата сезона, Лукаку беше позајмен играч во белгискиот Антверп, каде што на 29 настапи запиша 5 асистенции.




