Maкедонската ракометна репрезентација од завчера е во Дебрецин, а денес ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство против Словенија со почеток од 18 часот.
Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров вчера пред медиумите ги изнесе своите очекувања,
Словенија е репрезентација која има играчи во ПИК Сегед, Веспрем, Барселона…Тоа доволно збрува за каква репрезентација се. Селекторот на Словенија е во една голема предност со тоа што има веќе изградена репрезентација и треба да уфрли само одредени детали. Но секако дека нема да излеземе со бело знаме.
На сите ни е јасна целата ситуација, ние имаме желба да одиме во втор круг. Тоа би било еден огромен успех. Не затоа што не заслужуваме да бидеме таму, туку затоа што добивме противници како Словенија и Данска, па и Црна Гора која не смее да се потцени. Треба да бидеме реални, дека сме во еден транзиционен период, сите заедно треба да помогнеме да изградиме генерација која и во наредните години редовно ќе биде дел од големите натпреварувања. Не сакам да давам оптертувања за моите играчи. Словенија е една репрезентација која ако тие имаат ден, можеби и нашиот максимум нема да биде доволен за да оствариме победа. Затоа одиме да се бориме и да ја играме нашата игра, па ќе видиме што ќе биде.



