
Камерун, како домаќин на стадионот ,,Пол Бија” во Јаунде, триумфално го отвори триесет и третото издание на Африканскиот куп на нации.
Имено, домашната селекција, во увертирата на групата А, ја совлада селекцијата на Буркина Фасо со 2-1.
Гостите го отворија резултатот во дваесет и четвртата минута, кога, после потпросечната проценка на голманот Андре Онана, мрежата ја затресе Густаво Сангаре.
Сепак, до крајот на првото полувреме, во корист на домаќинот беа досудени два удари од белата точка.
Прецизен и во двата обиди беше капитенот и поранешниот член на Порто и на Бешикташ, Винсент Абубакар (40′, 45+3′), кој ги остави трите поени во Камерун.
Освен овие две екипи, во првата група од првенството учествуваат уште Етиопија и Република Зелен ‘Рт.




