
Иако ја започнаа годината со победа, Оклахома Сити Тандер врзаа три порази, меѓу кои и синоќешниот од Минесота Тимбервулвс со 105-135.
И покрај неизвесниот почеток, Минесота почна да креира двоцифрено водство кон крајот на втората четвртина, кое достигна и максимални +41 во последниот квартал.
Од победничките редови, дабл-дабл запишаа Д’Анџело Расел (27 поени и 12 асистенции) и Џеред Вандербилт (11 поени и 16 скокови), а Ентони Едвардс додаде уште 24 кошеви.
На спротивната страна, најефикасни со 18, односно со 13 поени беа Лугентц Дорт и Арон Вигинс.
Во Западната конференција, Минесота (19-20) скокна на осмата позиција, додека Оклахома (13-25) го зазема претпоследното место.




