
Првиот натпреварувачки ден во 2022 од Светскиот куп во биатлон беше сочинет со спринт-трките во Оберхоф, Германија.
Кај мажите, првата овосезонска победа ја освои Русинот Александер Логинов (27:00,8) и покрај едниот промашај.
Французинот Емилиен Жакелан (+6,5) беше второпласиран, додека третото место му припадна на Стурла Холм Лагреид (+15,1), кој се врати на пиедесталот за првпат после победата во Остерсунд на 27 ноември 2021.
Во првите петмина завршија и двајцата најдобри домашни натпреварувачи – Јоханес Кун (+18,6) и Роман Реес (+20,2).
Во женска конкуренција, првопласираната во генералниот поредок, Марте Олсбу Роиселанд (23:30,1) го освои првото место со стартен број 3.
Веднаш зад неа, второто место го поделија Хана Сола и Жулија Симон (+7,1), кои имаа исто време до десетинка.
Во првите пет завршија уште една Белорусинка и една Норвежанка, односно Ѕинара Алимбекава (+22,6) и Ингрид Ландмарк Тандерволд (+23,1).




